Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОСТ предлага побрзо прочистување на избирачкиот список

МОСТ предлага побрзо прочистување на избирачкиот список
Од граѓанската асоцијација МОСТ предлагаат измени на четири закони, за да се овозможи побрзо прочистување на избирачкиот список. Бараат надлежните да ги разгледаат предлозите, коишто веќе се доставени до четирите најголеми политички партии во државата.  Се работи за измени на законите за лична карта, за живеалиште и престојувалиште, на општата упрвна постапка и за управни спорови. Со овие законски измена целата постапка од една година, може да се скрати на околу 70 дена. „Доколку не се донесат вакви измени четирите најголеми политички партии ќе треба консензуално да решат како ќе се третираат оние граѓани за кои ќе започнат постапки за поништување на личната карта и живеалиштето, а кои нема да може навремено да се завршат“ - вели  претседателот на МОСТ, Дарко Алексов. Алексов се надева дека овие измени ќе помогнат во заложбата за кредибилни избори. Иако се планираше теренската проверка на избирачкиот список да заврши задутре, сепак процесот се одложи и во дел од општините се одвива потешко.
Слично

Поврзани вести