МОСТ: ДИК да објасни од каде се бројките на спорни гласачи
Избирачкиот список не смее да биде предмет на партиски договори, категорични се од граѓанската организација МОСТ, јавува Телма.
Според нив, Државната изборна комисија мора јасно и прецизно да објасни, од каде се овие бројки на спорни гласачи, за кои се договараат партиите во Пржино и како дошле до нив.
За МОСТ е нејасно, дали бројката од 40 000 гласачи кои треба сами да се пријават затоа што во спротивно ќе бидат избришани од избирачкиот список, и оние 170.000 иселеници кои ќе бидат ставени на посебен список, се добиени со административна или со теренска проверка.
За нив е особено спорна теренската проверка. Иако добија овластување да ја набљудуваат теренската проверка, тоа им беше дозволено само во подрачните канцеларии на ДИК, со што им е оневозможен целосен увид во процесот. Дел од подрачните канцеларии не соработувале со нивните набљудувачи и не им давале информации.
