Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОСТ:ДИК да го објави првичниот извештај од вкрстените проверки

МОСТ:ДИК да го објави првичниот извештај од вкрстените проверки
Невладината орагнизација  МОСТ,  бара Државната изборна комисија,  да го објави првичниот извештај од вкрстените проверки. Од МОСТ пишуваат дека планот за вкрстената проверка на податоците во избирачкиот список го направија експерти, а го донесе  ДИК, врз основа на методологијата за водење и ажурирање на избирачкиот список одобрена од четирите политички партии. Претставници на МОСТ велат дека довербата во избирачкиот список може да се врати исклучиво преку транспарентен процес. Комисијата треба веднаш да ги објави тест-прашањата за спроведувањето на дополнителните проверки, кои го менуваат првично донесениот план, како и резултатите кои се очекуваат од нив. Колку спорни гласачи има во списокот знаат членовите на ДИК.  
Слично

Поврзани вести