Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОСТ: Да се воведе изборен модел со отворени листи, за граѓаните да знаат за кого гласаат

МОСТ:  Да се воведе изборен модел со отворени листи, за граѓаните да знаат за кого гласаат

Граѓанската асоцијација ,,Мост" го претстави својот предлог- пакет решенија за изборниот процес.

Тие предлагаат да се воведе пропорционален изборен систем со отворени листи,без да се менува сегашниот број на изборни единици во РМ.

На овој начин, граѓаните ќе можат да гласаат и за политичка парија и за поединечни кандидати од таа партија.

Од МОСТ сметаат дека вака граѓаните ќе можат директно да влијаат на распоредот на кандидати на листата предложен од партиите, и нема веќе да гласаат за невидливи кандидати за пратеници.

Освен тоа, во однос на гласањето во странсво, од МОСТ бараат за следните избори да се суспендира гласот на дијаспората, а понатаму да се отвори широка дебата за идно решение.

Целиот пакет предлог-решенија за изборниот процес на МОСТ, се однесува на изборниот систем, гласањето во стрнство, Државната изборна комисија, избирачкиот список и донациите што медиумите ги даваат на одредени политички партии.

Слично

Поврзани вести