„МОСТ“: 53,14% за Иванов, 38,78% за Пендаровски
Граѓанската асоцијација МОСТ ги објави резултатите од првиот круг на претседателските избори, пресметани врз основа на податоците добиени од ПВТ програмата за паралелно пребројување на гласовите.
Според овој метод, одзивот на гласачките места бил 49,64%. Процентот на неважечки ливчиња е 2,78%. За гласовите за кандидатите за претседател добиени се следните резултати:
1. Ѓорге Иванов – 53,14%
2. Илјаз Халими – 4,5%
3. Стево Пендаровски – 38,78%
4. Зоран Поповски – 3,58%
Добиените податоци се со 95% сигурност и со маргина на грешка од +/-1%.
Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање го следеше со 580 набљудувачи, кои покрија над 15 проценти од избирачките места на територијата на Р. Македонија, односно над 15 проценти од гласачките места во рамките на секоја општина.
Слично
