Москва: Статусот на „Јужен поток“ останува непроменет
Статусот на проектот „Јужен поток“ останува без промена, работата врз него е запрена. Ова го соопшти пред агенциите претставник од руското Министерство за енергетика.
„Статусот останува непроменет, проектот е запрен“, изјавил тој.
Претходно денеска беше соопштено дека работата на проектот за гасоводот ќе биде вратена во наредните недели. Според информациите на „Стандард“ премиерот Бојко Борисов на Бугарија добил сличен сигнал од Русија.
Проектот за изградба на гасоводот најверојатно ќе биде една од точките на дневниот ред на седницата на руско-бугарската меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, која ќе се одржи во Софија кон крајот на јануари, наведува весникот.
Слично
