Економија, финансии, бизнис

Контакт

Москва со извозна рампа за 200 производи за сите земји освен од Евроазиската унија

Москва со извозна рампа за 200 производи за сите земји освен од Евроазиската унија


Русија вчера ја прифати економската војна, која, според официјална Москва, неодамна и ја наметна Западот со низа невидени санкции поради конфликтот во Украина.

Имено, со одлука на руската влада, единаесеттата економија во светот до крајот на 2022 година ќе го прекине извозот на повеќе од 200 производи, почнувајќи од технолошка, телекомуникациска, медицинска и електрична опрема, до земјоделски машини, возила, железнички вагони , турбини, контејнери, машини за обработка на метал и монитори, проектори, конзоли и панели, се вели во соопштението на Владата на Руската Федерација.

Москва вчера соопшти дека ќе објави детален список со сите 200 предмети, но без да наведе датум. Новите контрамерки се објаснуваат со потребата да се обезбеди стабилност на рускиот пазар.

Забраната за извоз на овие стоки се однесува на сите земји во светот, со исклучок на членките на Евроазиската унија (ЕАЕУ), како и Абхазија и Јужна Осетија. Дополнително, со најновиот декрет на руската влада привремено се ограничува извозот на одредени видови дрва и шумски производи во „непријателските земји“ до крајот на годината (неодамна објавената листа вклучува 48 земји, вклучително и ЕУ и САД).

„Забраната ќе гарантира дека барањата на домашниот пазар за достапни суровини ќе бидат исполнети и ќе поттикне зголемување на преработката на дрво во земјата“, се вели во соопштението на руското Министерство за индустрија и трговија. Русија е петта земја во светот по застапеност на шумски површини, пренесуваат агенциите.


Слично

Поврзани вести