Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОСКВА ПРВ ПАТ ДОЦНИ СО ПЛАЌАЊЕТО НА ДЕВИЗНИОТ ДОЛГ: Последен пат доцнењето било во 1918 година-Блумберг

МОСКВА ПРВ ПАТ ДОЦНИ СО ПЛАЌАЊЕТО НА ДЕВИЗНИОТ ДОЛГ: Последен пат доцнењето било во 1918 година-Блумберг

Русија не ги исплатила своите обврски врз основа на државниот долг во странска валута, објави денеска „Блумберг“.

Во извештајот на њујоршката новинска агенција се наведува дека вчера истече грејс периодот за отплата на два купони еврообврзници во износ од околу 100 милиони долари и дека ова е првпат од 1918 година Русија да не го подмирува својот девизен долг.

Но, неисполнувањето на обврските „засега е главно симболично и од мало значење за Русите“, за кои „Блумберг“ наведува дека се занимаваат со други проблеми со кои се соочува економијата на земјата, пренесува Тасс.

Во мај, Соединетите Држави и ја одземаа дозволата на Москва за плаќање на обврските кон имателите на руски државни обврзници, што и овозможи на Русија да го сервисира својот надворешен долг.

Минатата недела Москва за прв пат употреби нов механизам за плаќање купони за еврообврзници во рубљи. Министерот за финансии Антон Силуанов рече дека плаќањето во рубљи не значи неисполнување на обврските. Според Силуанов, Соединетите Американски Држави и Европската Унија поставуваат имагинарни пречки за сервисирање на рускиот надворешен долг со цел да му закачат ознака „неплаќач“.

ФОТО: YouTube Print Screen

Слично

Поврзани вести