МОСКВА: Пад на БДП, инфлацијата 12%
Руската влада предвидува пад на БДП за три одсто и инфлација од 12 % во 2015 година што е последица на падот на цената на нафтата и западните санкции на Русија поради украинската криза.
Одливот на капиталот, кој во 2014 година достигна рекорден број од 150 милијарди долари, оваа година би требало да биде околу 115 милијарди долари, изјавил министерот за финансии Алексеј Улјукајев.
Новите економски предвидувања се засновани врз цената од 50 долари по барел нафта и би требало да се употребат за ажурирање на нова верзија на буџетот како и неодамнешниот пад на рубљата.
Инфлацијата, поттикната од колапсот на рубљата и санкциите, би требало да изнесува 12 одсто во 2015.
За јануари изнесува 13,1 одсто поради растот на потрошувачките цени.
