Економија, финансии, бизнис

Контакт

Москва: Македонија и Русија удрија потпис на договорот за Јужен тек

Москва: Македонија и Русија удрија потпис на договорот за Јужен тек
Македонија денеска во Москва го потпиша договорот со Руската Федерација за соработка во изградбата на гасоводот Јужен тек. Македонија се вклучува со крак, а од каде ќе се гради, дали од Србија или Бугарија, останува одлука на „Газпром“. Договорот од македонска страна го потпиша вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески. Вклучувањето на Македонија во проектот „Јужен тек“ е од стратешко значење за Република Македонија кое ќе обезбеди вклучување на Македонија во меѓународните транспортни коридори и стабилен извор на гас за идните генерации. - Ова е исклучително значаен проект за нас затоа што со Јужен тек практично на долг рок се гарантира енергетската стабилност на Република Македонија, се обезбедуваат нови количини на гас, што ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за пренос на гас во Македонија да добие една поголема смисла - изјави викендов премиерот Никола Груевски. Гасоводот „Јужен тек“ треба да заврши до 2015 година, кога ќе протечат првите количини гас кон Централна и Јужна Европа. Капацитетот на гасовоот е 63 милијарди метри кубни годишно или 14 проценти од вкупните потреби на Европа.
Слично

Поврзани вести