Москва и Брисел во битка за Босна и Херцеговина
Веќе има и датум на кој Босна и Херцеговина ќе ја поднесе апликацијата за членство во ЕУ - 15 февруари. ЕУ постојано ja предупредува БиХ да не избрзува со барањето, бидејќи е важно таа да биде убедлива. Според Кристијан Дан Преда, поднесувањето има предности и недостатоци. Предност е дека на овој начин босанските власти ќе покажат амбиција. Тој верува дека оваа амбиција е целосно сериозна.
Од друга страна, сепак, тоа е нешто против кое имаше отпор од страна на Брисел, вклучително и од земјите-членки како Германија и Велика Британија. Добивањето на статус на кандидат не е шега, туку е многу сериозна задача, изјавил тој во интервју за „euinside“.
Постои ризик кандидатурата на БиХ да биде заборавена и со месеци да нема одговор. Официјалното прифаќање на статусот на кандидат е потребно време. Тој смета дека е многу ризично да се поднесе барање, кое со месеци нема да добие одговор.
Токму затоа е важно да се искористи дополнителното време до 15 февруари за да се постигне напредок во нерешените прашања како механизам за координација, приспособување на трговскиот дел на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, па да се вклучи кон пристапот на Хрватска во ЕУ и да продолжат со реформите, така додека барањето навистина не биде убедливо.
Противник на босанската европска интеграција е претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Според зборовите на Додик е инструмент на Русија. Референдумите кои тој ги организираше се алатките за блокирање на европската перспектива на Босна и Херцеговина.
Станува збор за референдумот со кој се ставаа во прашање надлежностите на националниот суд и обвинителството во српскиот ентитет на БиХ, како и за бараното сенародно анкетирање против одлуката на Уставниот суд на БиХ, со што беше определено за неуставно одбележувањето на 9 јануари за ден на државноста на Република Српска.
На овој датум во 1992-та година Република Српска прогласи независност од БиХ. Според Милорад Додиќ, никој не може да им забрани на Србите во ентитетите да ја одбележуваат својата независност. Уставниот суд инсистираше Република Српска да избере друг датум, бидејќи 9 јануари е православен христијански празник. Судот смета дека со овој празник се дискриминираат римокатолиците и муслиманите кои живеат таму.
За празникот во Бања Лука пристигна и српскиот премиер Александар Вучиќ. Кристијан Дан Преда смета дека улогата на Србија во БиХ е двојна. Од една страна, српскиот премиер изјавува дека не ги поддржува референдумите, но присуствуваше на контроверзниот празник во Бања Лука. Односите помеѓу Бања Лука и Белград се многу силни.
Романскиот европратеник ја смета за чудна двојноста во односите помеѓу Вучиќ и Република Српска. Полесно е да се работи помеѓу Белград и Сараево, отколку помеѓу Белград и Приштина, изјавил тој. „Не можеме да прифатиме две различни позиции - односите помеѓу Белград и Сараево и помеѓу Србија и Бања Лука. Бања Лука не е главен град, туку е општина во БиХ, затоа мислам дека Вучиќ е важно да го разбере тоа“, додал известувачот.
Тој смета дека е многу важно што Србија започна разговори благодарение на напредокот што го постигна во преговорите со Приштина. Сепак, ова е предизвик и за Косово, бидејќи опозицијата таму во моментов е против договорот со Белград. Важно е Косоварите да видат дека има напредок во односите помеѓу Приштина и Белград. Во моментов ситуацијата во Приштина е лоша. Ако ситуацијата се подобри, тоа ќе биде од корист за Косоварите.
Кристијан Дан Преда се согласува со тезата на хрватските европратеници дека евентуалната кандидатура на БиХ за членство во ЕУ ќе ја зајакне кохезијата на БиХ, но ќе ја отфрли од секакви разговори за надградба на Дејтонскиот мировен договор, за што инсистираат хрватски политичари, главно од круговите на десничарската Хрватска демократска унија (HDZ), кој формираше влада со новата политичка партија Мост.
Во оваа фаза е важно да се работи за европската интеграција на БиХ и разговорите за иднината на Дејтон не се на дневен ред, со што се согласиле и босанските политичари, додаде европратеникот. Во моментов е важно земјата да се трансформира во европска, не да се преговара за Дејтон.
И покрај многуте предизвици и тешкотии, тој е убеден дека БиХ не е посебна студија на случај. Постојат и други земји, кои имаат потреба од политички реформи. Точно е дека БиХ има комплексна уставна архитектура, но земјата веќе има искуство во постигнувањето на компромиси. Тоа е демократија базирана на компромис, додал тој. Ако се почне со идејата дека не е можно да се прави политика, не може да има успех, смета уште известувачот за БиХ.
Тој признава дека во моментов атмосферата во ЕУ е многу тешка и тоа ја прави задачата на кандидатките кон европско членство држави многу тешка. БиХ треба да биде иновативна и креативна. Пејзажот денес е многу различен од 2004-та година, кога Холандија за последен пат претседаваше со Советот на ЕУ. Тогаш проширувањето беше главен приоритет, бидејќи претстоеше пристапувањето на десет нови земји. Денес зборот дури не присуствува во програмата на овогодинешното холандско претседателство, истакнал Кристијан Дан Преда.
„Проширувањето не постои за Холандија. Тоа е реалноста и треба да ја разбереме“. Затоа е важно Сараево да има храброст и имагинација. Новите кандидати треба да се многу оригинални, смета уште романскиот европратеник.
