Москва го призна нарушувањето на воздушниот простор над Турција
Руската амбасада во Анкара го потврди фактот за нарушувањето на турскиот воздушен простор од руски воен авион во регион на границата со Сирија, соопшти „Интерфакс“, повикувајќи се на прес секретарот на дипломатската мисија Игор Митков.
Според дипломатот, во саботата амбасадорот на Русија во Турција Андреј Карлово разговарал за случајот со првиот заменик-министер за надворешни работи од турската влада, откако ја добил протестна нота.
По тој повод руското Министерство за одбрана дало соодветно појаснување на турското воено аташе во Москва. Како што беше познато, на 3 октомври руски воен авион го наруши воздушниот простор над Турција во регионот на границата со Сирија и против него биле кренати два авиони F-16.
Турција ја повика Русија да не дозволува повеќе слични прекршоци, во спротивно ќе ја сноси целата одговорност за секој непристоен инцидент.
