Економија, финансии, бизнис

Контакт

Московиси: Одбивањето на Грција да го врати долгот е самоубиствена идеја

Московиси: Одбивањето на Грција да го врати долгот е самоубиствена идеја
Европскиот комесар за економски прашања, Пјер Московиси, денеска испрати предупредување до водечката грчка опозициона партија Сириза дека идејата за одбивање на Грција да го врати долгот по основ на добиени пакети помош би била „самоубиствена“. „Идејата за разгледување на можноста за невраќање на огромниот долг е самоубиствена. Тоа едноставно не е возможно бидејќи ќе завршите со банкрот, нешто што се обидуваме да го избегнеме со години“, истакнал Московиси по завршувањето на тричасовниот состанок со грчкиот премиер Антонис Самарас. Московици рекол дека постои потреба од структурни реформи, и тоа не само во Грција туку и кај сите земји членки во еврозоната, како и дека би било навистина штета доколку Грција не продолжи со веќе отпочнатите реформи. Грчките парламентарци во среда на 17 декември, ќе го одржат првиот круг избори за нов претседател на државата, а според проценките овој избор го чекаат три рунди гласање и најверојатно ќе трае до 29 декември. Доколку не се добие поддршката од опозиционата партија и со тоа не дојде до претседателки избори, грчкиот премиер ќе биде приморан да распише предвремени парламентарни избори. Водечката грчка левичарска опозициона партија Сириза се залага за одржување на вонредни избори, со аргументи дека досегашните мерки за штедење доживеале неуспех. По катастрофалната шестгодишна рецесија, Сириза тврди дека Грција и понатаму има неодржлив должнички товар кој не може во целост да им биде исплатен на кредиторите.  
Слично

Поврзани вести