Московиси: Еврозоната блиску до постигнување договор за Грција
Францускиот министер за финансии Пјер Московиси изјави денеска дека еврозоната е подготвена да ги исполни условите за излез од кризата и оти договорот за грчкиот долг ќе биде постигнат в понедленик.
Во обраќање во францускиот Сенат по враќањето од Брисел, Московиси рече:Подготвени сме да ги исполниме условите за излез од кризата во еврозоната.
Тој додаде дека иако министрите за финансии од државите во еврозоната не успеале да постигнат конечен договор за Грција, „ние в понеделник тоа ќе го сториме“.
- Од суштинска важност е оваа држава да почувствува солидарност од своите европски партнери, додаде тој. Грција чека на исплата на ратата кредит од 31,2 милијарди евра како дел од пакетот помош од 130 милијарди евра добиен во почетокот на годината во замена за спроведување остри еконсмки мерки.
