Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОРНИЧАВИ ДЕТАЛИ ОД ТРАГЕДИЈАТА: Заминаа во смрт наместо во подобар живот!

МОРНИЧАВИ ДЕТАЛИ ОД ТРАГЕДИЈАТА: Заминаа во смрт наместо во подобар живот!

Денес си тука утре те нема. Буквално вака може да се опише трагедијата која синоќа ја потресе Македонија.

Десетина животи згаснаа барајќи подобро место за живот под европско небо.

Бегајќи од Авганистан и Сомалија група на мигранти синоќа 22.30 часот ги стигнала смртта на прагот на железничката пруга.

Загинатите мигранти пругата Велес-Скопје ја користеле како патоказ за да стигнат на север.

Нивниот живот згасна на железничката станица Рајко Жинзифов, поточно на постојката Пчиња, кога меѓународниот воз Солун-Белград удрил во нив. Иако машиновозачот се обидел да закочи и давал звучни сигнали, четиринаесетмината мигранти не успеале да се спасат.

zeleznicka nesreka

Страшни се сликите на местото на трагедијата.  Делови од тела во крв и нагмечени черепи имало расфрлено насекаде. теренот бил непристапен па спасувачките и медицинските екипи едвај стигнале до настраданите. Веднаш по ударот дел од мигрантите успеале да се спасат и да избегаат , четворица се повредени но оссумина останале на местото на трагедијата бидејќи се претпоставува дека се роднини на загинатите. Тие се пренесени на информативен разговор во полициската станица во Велес.

Да биде уште потрагична работата поради непристапниот терен медицинските екипи биле приморани на местото на трагедија да одат со воз. Телата на загинатите биле префрлени  во капелата на градските гробишта во Велес.

Спасувачките екипи се на терен и продолжуваат со пребарување и увид на местото на несреќата.

zeleznicka nesreka1

Во февруари беше откриена исто така поголема група на имигранти во Велес, се претпоставуваше дека тие најверојатно дошле од Пакистан. Биле исплашени и стравувале од последиците на илегалното патување кое за нив завршило на железничката станица во Велес.

Тешко е да се замисли ужасот со кои имигрантите се соочуваат во последните неколку години на територијата на Авганистан, Либија, Сомалија.

Многу илегални имигранти и од Африка и Блискиот Исток често преку Турција се обидуваат да стигнат во земјите од Европската унија. Ваквите патувања најчесто за нив се опасни и кобни.

zeleznicka nesreka2

Да не говориме за оние кои се удавија изминатава недела во Средоземното море.

Околу 700 имигранти најверојатно се удавиле откако риболовен чамец се преврте во Средоземното Море крај брегот на Либија, а драма имаше и кај грчкиот остров Родос во Егејското море каде загинаа три лица.

Вчера во Брисел започна вонредната седница на Европскиот совет, посветена на кризата со бегалците, пренесувани по Средоземното Море. Тоа мора да повториме дека се мерки за борба против шверцувањето на луѓе од Либија по смртта на стотици мигранти.

 ЕУ нема повеќе изговори за неактивноста на Унијата по последната трагедија со имигранти во Средоземното Море и е потребна итна акција.

Да, Европа треба да стори повеќе за бегалците кои доаѓаат во Средоземното Море.

Но, во исто време, да не заборавиме дека Европа не е одговорна за сите зла на овој свет.

И европските земји треба да направат сè што е во нивна моќ, за да им помогнат на оние очајни луѓе, кои паднале во крајна беда. Во таа смисла е правилно да се размислува за проширување на спасувачките операции во морето, дури тоа практично да го стимулира бизнисот на бескрупулозните каналдџиски банди.

Сепак главната вина за трагедиите во Средоземното Море неможе да им се припишува на Европејците. Тие ли се виновни за граѓанската војна во Сирија, за диктатурата во Еритреја, за исламскиот екстремизам, за мизеријата и неуспехот на државноста во многу земји околу Медитеранот? Кој мисли така, значи го  искривува по еден многу ефтин начин сето она што е направено во Европа.

Фактот со секојдневните трагедии поврзани со имигранти укажува дека светот се соочува со војни и сиромаштија. Невини луѓе умираат поради нечии лични интереси.

Светот под итно треба да го стави прстот на чело.. До кога ќе страдаат невини луѓе во војните?

Слично

Поврзани вести