Morgan Stanley e првата голема американска банка што им нуди на своите богати клиенти пристап до фондовите на биткоин
Morgan Stanley e првата голема американска банка што им нуди на своите богати клиенти пристап до фондовите на биткоин, oбјави CNBC.
Инвестициската банка, гигант во управувањето со богатството од 4 трилиони американски долари, им соопшти на своите финансиски советници денеска преку интерен меморандум дека започнува пристап до три фондови што овозможуваат сопственост на биткоин.
Овој потег, е значаен чекор за прифаќање на биткоинот откако клиентите побараа изложеност на криптовалутата. Но, барем засега, банката им овозможува само на своите побогати клиенти пристап до биткоинот. Банката смета дека услугата е погодна за луѓе со „агресивна толеранција на ризик“ кои имаат најмалку 2 милиони американски долари во сопственост на фирмата. На инвестициските фирми им требаат најмалку 5 милиони УСД во банката за да се квалификуваат за нови влогови. Во секој случај, сметките треба да бидат стари најмалку 6 месеци.
