Економија, финансии, бизнис

Контакт

Морето ги „голта“ бункерите кои ги градел Енвер Хоџа

Морето ги „голта“ бункерите кои ги градел Енвер Хоџа

Соседна Албанија се соочува со ерозија, а нивото на морето и натаму ќе се зголемува. 

По устието на реката Семан, која се влева во Јадранското Море, веќе се потопени сите бункери изградени од времето на албанскиот диктатор Енвер Хоџа. Мештаните раскажуваат дека во последните неколку години морето има потопено околу 800 метри од крајбрежјето.

„Бункерите за направени да издржат речиси сè, но ја изгубија својата единствена битка“, изјави за АФП Илир Зани.

Централните власти досега успеаја да извадат неколку бункери на површината, но голем дел од нив се на непристапни места. Во Албанија поради растот на нивото на морето, годишно исчезнуваат 27 тони почва. Тоа е 11 пати повеќе од европскиот просек.

Албанија веднаш по Втората светска војна па се до почетокот на деведесттите години под водство на Енвер Хоџа била најзатворената земја во Европа.

foto EPA - EFE

Слично

Поврзани вести