Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мораме да ги гледаме своите интереси, доста гиневме за други, вели Дачиќ

Мораме да ги гледаме своите интереси, доста гиневме за други, вели Дачиќ

Србија не е за санкции кон Русија. 

Белград не смее да се придружи на санкциите против Русија, изјави претседателот на Социјалистичката партија на Србија и претседател на српското Народно собрание Ивица Дачиќ. 

Тој  денеска оцени дека Србија не смее да се придружи на разните осуди и санкции против Русија, бидејќи земјите кои тоа го бараат од Србија не ѝ помогнале во 1999 година, кога земјата беше бомбардирана.

Гостувајќи на Радио-телевизија Србија, Дачиќ рече дека официјален Белград треба да ги сочува односите со ЕУ, но и со Русија и Кина, „зашто никој нема да нè брани ако тие  престанат да нè бранат“.

„Мораме да ги гледаме своите интереси. Доста гиневме за други“, рече Дачиќ.

Тој вели дека кризата во Украина се случи зашто Западот не го почитувал договорот НАТО да не се шири во источна Европа.

„Мораме да балансираме, и украинскиот и рускиот народ ќе платат висока цена. Апелираме за мир“, рече Дачиќ. 

Украина е во воена состојба. Русија утрово ја нападна земјата.  ЕУ, САД и други земји одговорија со санкции против Русија. Рускиот претседател Владимир Путин деновиве ја призна независноста на Доњецк и Луганск, региони во Украина. 

Тој кажа дека Русија ја создала модерна Украина, по што тензиите ескалираа. 

Слично

Поврзани вести