Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мора да се користат обновливите извори на енергија!

Мора да се користат обновливите извори на енергија!
Ветер, биомаси и мали водотеци - енергетската иднина на Македонија е во искористувањето на овие обновливи извори на енергија смета Сања Божиновска директор на секторот за трговија со електрична енергија во Руднап. „Станува збор за извори на т.н зелена енергија кои се добиваат со релативно ниска цена, не ја загадуваат околината, нема потреба од увоз на гориво и се високо ефективен извор. Особено ветерниците кои ги карактеризира можност за производство на голема количина на енергија, не зафаќаат голем простор и се одличен извор на енергија во областите кои се надвор од градовите“, вели Божиновска. Сепак, за да ги искористи овие потенцијали, Македонија мора да вложува во искористување на обновливите извори на енергија. Само така може да се очекува до 2020 година, 20 отсто од вкупното производство на електрична енергија во Македонија да доаѓа од обновливи извори на енергија, што е просек и на дел од земјите членки на ЕУ, вели Божиновска. Руднап е една од најголемите компании за трговија со струја во Југоисточна Европа, присутна и во Македонија преку партнерската компанија Energy Services, како лиценциран трговец со електрична енергија.
Слично

Поврзани вести