Монти: Црквата да плаќа данок
Италијанската Католичка црква од први јануари следната година ќе мора да плаќа данок, порачал италијанскиот премиер, Марио Монти. Новите даноци треба да го зголемат државниот буџет за две милијарди евра годишно.
Како што пишува италијанскиот весник “Република“, владата во Рим до таква одлука дошла поради балансирање на законите со Европската унија. Црквите во Италија ги поседуваат некои од најлуксузните градби во Рим, хотели, ресторани и спортски центри, на кои државата би можела да заработува и до 25 милиони евра годишно. Италија, во која, како и во поголем број европски земји, усвоени се острите мерки за штедење, одлучила да ја укине привилегијата на црквата.
Анкетите покажуваат дека со таа одлука се согласува и владата и поголеми број граѓани. Една таква анкета била потпишана од 130.000 граѓани, кои од владата бараат да се укинат привилегиите за црквата.
Слично
