Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОНСТРУОЗНИОТ ГОРАН КОЈ СО СЕКИРА СИ ГО УБИ БЕБЕТО БИЛ СТРАШЕН КРИМИНАЛЕЦ: Бил во затвор за тешки дела

МОНСТРУОЗНИОТ ГОРАН КОЈ СО СЕКИРА СИ ГО УБИ БЕБЕТО БИЛ СТРАШЕН КРИМИНАЛЕЦ: Бил во затвор за тешки дела

Синоќа во Загреб Горан К.(43) државјанин на БиХ, со секира ги нападнал поранешната сопруга и детето. Како резултат на нападот, девојчето починало во болница во Загреб, додека нејзината мајка се здобила со сериозни повреди. По нападот, Горан побегнал со автомобил БМВ со германски регистарски таблички, но подоцна загинал во сообраќајка.

Хрватскиот портал 24 сата наведува дека во неговото апсење учествувале и специјални полицајци. Овој портал наведува дека тој стоел на обиколницата во Бузин, дека излегол од своето БМВ, ја прескокнал оградата и почнал да бега, кога на него налетал автомобил, а потоа и камион. Тој остана мртов на лице место.

Од претходно познат на полицијата

Горан К., веќе и е познат на полицијата поради неговото проблематично однесување и грабежите, за кои бил во затвор, пренесува Индекс. Во 2009 година во петчлена група бил осомничен дека ограбил две пошти и пет автомати од кои украле еден милион куни, што е околу 133.000 евра. Ограбувале под маски, а на вработените им се заканувале, а во некои кражби користеле и пиштоли. Парите и оружјето што ги користеле никогаш не биле пронајдени.

Горан е државјанин на БиХ, чие семејство дошло во Хрватска Дубица од Жепче, каде што живееле подолго време. Неговиот татко бил претседател на општинскиот огранок на ХСП.

ФОТО: ФБ

Слично

Поврзани вести