Економија, финансии, бизнис

Контакт

Моника кажала нешта од кои течат солзи: Сега е јасно низ каква тортура поминала со „Малчанскиот берберин“

Моника кажала нешта од кои течат солзи: Сега е јасно низ каква тортура поминала со „Малчанскиот берберин“

Бидете сигурни дека Нинослав Јовановиќ, киднаперот на девојчето кое е пронајдено вчера, ќе биде фатен, рекла денес државната секретарка во српското министерство за внатрешни работи Билјана Поповиќ Ивковиќ.

-Наша цел е тој монструм да го фатиме, и предадеме на правдата, ќеја добие казната која ја заслужил-рекла Поповиќ.

Таа истакнала дека Јованови е вооружен, има огнено оружје и нож, а дека ангажираните во потрагата постојано работат на тоа да биде фатен.

Раскажала дека Моника, кога е пронајдено била исплашена, но свесна и комуникативна.

-Рече дека дневно пешачеле пет часа, дека ја терал да оди, дека често и се заканувал и ја плашеч. На полицијата и рекла-„ве молам немојте да ме повредите, немојте да ме тепате“. Значи, киднаперот цело дете манипулирал со детето-навела таа.

Моника доброволно се согласила со државната секретарка да разговара во присуство на обвинител и претставник од Центраот за социјална работа, наведувајќи дека била злоставувана и мачена, рекла Поповиќ Ивановиќ за српските медиуми, посочувајќи дека без помош од граѓаните кои таму живеат не било можно да се најде Јовановиќ.

-Тој монструм очигледно долго ги планирал тие кривични дела. Во прв момент кога е пријавено исчезнувањето на детето, се сомневавме дека таа е киднапирана. Него го следевме на секој чекор, но тој ни фаќаше кривина секогаш. Ќе го најдеме и ќе ја добие заслужената казна-рекла таа.

Полицијата во моментов ги пребарува сите објекти на подрачјето од село Псјача, помеѓу Ниш и Сврљига, каде вчера е пронајдена малата Моника.

Моника е пронајдена после 10 дена потрага откако Никослав Јовановиќ, познат како „малчанскиот бербер“ ја киднапирал. Тој е осудуван педофил и претходно.

Слично

Поврзани вести