Монако прв во Топ 10 градови со најскапи недвижнини во светот
Компанијата „Knight Frank“ ги рангира градовите во светот каде квадратниот метар недвижности чини најскапо. Изненадувањето е дека Сингапур, кој се слави како најскапиот град во светот, го освои само петтото место на листата.
Рангирањето е направено на база 1 милион долари и се анализира колку квадрати станбена површина може да се купат со оваа сума во соодветните градови. На првото место е Монако, каде за милион долари може да се купи само 17 квадратни метри за живеалиште. Тоа е помалку дури и од гарсониера во нашите градови и студио за француските стандарди.
На второто место е Хонг Конг - таму за износот може да се купат 20 квадрати за живеалиште. Трет по ред е главниот град на Велика Британија - Лондон, каде за 1 милион може да се стекнете со 21 квадрати за живеалиште.
Се разбира, станува збор за елитни и суперлуксузни имоти, а не за масовен недвижен имот во соодветните градови, прецизираат од „Knight Frank“. Меѓу првите пет најскапи градови се Њујорк и Сингапур, односно со 34 и 39 квадрати, кои можат да се купат со милион долари.
До десетото место се Женева, Сиднеј, Шангај, Париз и Лос Анџелес. Европа е претставена со најмногу свои градови во почетната десетка. Стариот континент го држи првенството и во рејтингот за повеќето удобниот живот на градови во светот каде Виена е број еден.
