МОН: Од понеделник почнува екстерно тестирање на матурантите
Од понеделник почнува екстерното тестирање на матурантите, најавија вчера Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар.
„Во периодот од 26 до 30 јануари ќе се спроведе екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта, согласно објавените распореди на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk”, информираат од Минситерството.
На оваа Интернет страница е објавен и јавниот базен со вкупно 50.400 прашања на макеонски, албански и турски јазик, коишто ќе бидат дел од тестовите за гимназиско и стручно образование за сите струки, насоки и предмети.
Во оваа фаза ќе се тестираат вкупно 20.567 ученици од завршните години во 98 средни училишта, како и 3.923 наставници по 2.622 предемти.
Резултатите ќе се објават на 2 февруари годинава.
