Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОН: Нема нови предмети за првачињата, туку ќе се менува наставната програма за постојните

МОН: Нема нови предмети за првачињата, туку ќе се менува наставната програма за постојните
Министерството за образование и наука демантира дека на учениците од 1-во до 3-то одделение ќе им бидат воведени нови предмети: физика, хемија, биологија. Станува збор за адаптација на наставната програма за постојниот предмет природни науки, согласно наставните програми на Меѓународниот центар за наставни програми Кембриџ – најголемиот светски провајдер на меѓународни образовни програми и квалификации за деца на возраст од 5 до 19 години, прифатени во 160 земји и над 9000 училишта, појаснуваат од МОН. Имено, од следната учебна година по наставните програми од Кембриџ ќе бидат прилагодени предметите математика и природни науки. Новата наставна програма по предметот математика е поделена на пет подрачја: Броеви, Математички операции, Геометрија, Мерење, Работа со податоци и Решавање проблеми, а ќе се реализира со фонд од 5 часа неделно, односно 180 часа годишно. Оваа наставна програма се фокусира на принципи, шеми, системи, функции и односи, така што учениците можат да го применат математичкото знаење и да развијат сеопфатно разбирање на предметот. Додека, наставната програма по природни науки е застапена во четири содржински области: Научно истражување, Биологија, Хемија и Физика, а ќе се реализира со фонд од 2 часа неделно, односно 72 часа годишно. Вака адаптираната наставна програма се фокусира на развивање на интересот на учениците за стекнување на научно знаење, појаснуваат од МОН.    
Слично

Поврзани вести