Економија, финансии, бизнис

Контакт

MOН : Нема да се укине матурата по математика

MOН : Нема да се укине матурата по математика
Иако, средношколците веќе неколкупати организираа низа протести против полагање матура по математика, Министерството за образование ги одби барањата на учениците, па  предметот и понатаму ќе остане задолжителен. Заменикот министер за образование, Спиро Ристовски вели дека станувало збор за основно ниво на математика, па учениците не требало да се плашат. ,,Не треба да постои страв кај нив, бидејќи верувам во нивниот капацитет”- рече Ристовски. Средношколците велат дека тие ќе продолжат да излегуваат на улиците и да протестираат против математика и концептот на екстерно тестирање. Тие веруваат дека проблем е тоа што трите задолжителни предмети за матура, треба да се положат за две недели, а тоа според нив не е возможно, но и дека целиот концепт има недоследности. Матурантите покрај математика, полагаат и англиски и македонски јазик, како и еден интерен предмет.  
Слично

Поврзани вести