Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОН го прифаќа предлогот на Студентскиот парламент да полагаат до една третина од испитите без положен државен испит

МОН го прифаќа предлогот на Студентскиот парламент да полагаат до една третина од испитите без положен државен испит
Предлогот што во текот на вчерашниот ден го изнесоа претставниците на дел од студентските парламенти во земјава и кој се однесува на можноста студентите да полагаат една третина од предметите во третата студиска  година, независно од тоа дали го положиле или не првиот дел од државниот испит е прифатлив за Министерството за образование и наука. Сепак, најбројното студентско движење во земјава, Студентскиот пленум, веќе се изјасни против сите решенија на МОН. [button color="orange" size="big" link="http://faktor.mk/2015/01/05/studentski-plenum-so-plan-b-koga-ne-ignoriraat-nie-stanuvame-posilni/" ]Студентски пленум: Кога нè игнорираат ние стануваме посилни![/button] Барањето на Студентскиот парламент при УКИМ е всушност надополнување на иницијативата на охридскиот Универзитет за информатички науки и технологии – „Св. Апостол Павле“, кој побара студентите да се стекнат со право да слушаат предавања од предмети од третата студиска година, без разлика дали го положиле првиот дел од државниот испит на крајот од втората студиска програма. „Студентски Парламент на универзитетот „Св. Кирил и  Методиј“ –Скопје ја поддржува иницијативата  на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид за државниот испит која ја доставија  до МОН. Освен што ја поддржуваат иницијативата, СПУКМ предлагаат и  надополнување на истата. На ваквото барање се приклучија и студентите од Битола потенцирајќи дека на овој начин би се зголемила флексибилноста, така што би постоел дополнителен период во кој студентите би се подготвиле за државниот испит, а притоа не би заостанувале со студирањето. Дијалогот за реформите во образованието продолжува. Најавено е дека Министерството , ректорите и деканите на сите високо образовни установи кои членуваат во Интеруниверзитетската конференција ќе ги разменат мислењата и аргументите за предложените измени.
Слично

Поврзани вести