Момци пријавете се - Вучиќ кажа колкави плати ќе добиваат армиските војници
Платите во армијата во Србија ќе бидат над 2.000 евра, најави српскиот претседател Александар Вучиќ и ги повика младите да се пријават. Вели дека сериозно ќе се вооружуваат.
Наведе дека многу пари се вложени за зачувување на сигурноста.
„Платите во армијата ќе бидат огромни. Основните плати ќе бидат преку 2.000 евра. Момци пријавете се. Ќе има 5.000 специјалци наместо 1.500“, рече српскиот претседател
Претходно, земји од регионот реагираа дека им пречи тоа што Србија се вооружува. Последно реагираше Косово откако имаше тензии на северот.
Foto: EPA-EFE
Слично
