Момчиња со селфи од вагон во Куманово тешко повредени
Момчиња од Куманово се качиле на товарен вагон за да направат селфи, но најпрво еден од нив кој има 16 години допрел електричен проводник по што претрпел струен удар со тешки изгореници по телото, а потоа неговиот другар кој има 17 години скокнал и при падот ги повредил нозете.
По инцидентот на 16-годишниот малолетник му била укажана лекарска помош во Медицински центар Куманово, а потоа бил пренесен во Одделот за изгореници во градска болница Св.Наум во Скопје.
Седуманесетгодишникот бил задржан во Хируршко одделение во Медицински центар Куманово за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
Слично
