Економија, финансии, бизнис

Контакт

Момче си го уби семејството, по што се самоуби во околината на Љубљана

Момче си го уби семејството, по што се самоуби во околината на Љубљана

Трагедија ja потресе Словенија. 

Момче си го уби семејството по што се самоуби. 

Трагедијата се случи во населбата Јанче во поширокиот регион на  Љубљана, каде 22-годишник со студено и огнено оружје ги убил своите татко, мајка и сестра, а потоа си пресудил и себеси, објавуваат тамошните медиуми, по потврда од полиција.

Полицијата за трагедијата е известена синоќа по 21 часот.

Претставникот на полициската управа на Љубљана, Валтер Зрински, кажал дека  26-годишната сестра на сторителот повикала полиција и предупредила на насилно однесување од 22-годишниот брат, по што на местото е испратена специјална полициска патрола.

Потоа во полицијата се јавил и самиот сторител, и кажал дека ги убил членовите на своето семејство, покрај сестрата и 56-годишната мајка и 60-годишниот татко. 

Соседите се шокирани и велат дека не им е познато дека досега момчето насилно се однесувало. Мотивите сѐ уште се непознати. 

Слично

Поврзани вести