Момче се удави во Дојранско езеро
Дваесет и девет годишниот Александар В. од Пехчево, денеска се удави во водите на Дојранското езеро.
Тој заедно со уште двајца другари се возеле на педалинка и паднале во водата.
Александар настрадал бидејќи не знаел да плива, а останатите две лица не успеале да го спасат.
Од СВР Струмица потврдија дека во Дојран и во полициската станица во Гевгелија било пријавено дека младо момче исчезнало во езерото, а полицијата изврши увид на местото на несреќата.
Слично
