Момче прободено со нож во центарот на Скопје
Дваесет и две годишно момче било нападнато и прободено со нож во градниот кош, вчера во три часот по полноќ пред споменикот ,,Филип Втори” во Скопје.
Момчето и двајца негови другари биле нападнати од група лица, а во еден момент еден од нив со остар предмет, најверојатно нож му нанесол два убоди во градите.
Тој е веднаш пренесен на градската болница, а полицијата работи на расветлување на случајот.
Слично
