Економија, финансии, бизнис

Контакт

Момче од Хрватска заработува по 100.000 долари

Момче од Хрватска заработува по 100.000 долари

Тинејџер од Хрватска заработува по 100.000 долари. 

Лука Перковиќ има 18 години и своето време го поминува пред компјутер играјќи видео игри. 

Поточно  ја игра „League of Legend", игра која е многу популарна и ја играат 100 милиони луѓе во светот. 

Тој за својата „работа“ добива по 100.000 долари годишно, затоа што игра видео игра. 

Последната година живее во Берлин, а може да се каже дека заработува повеќе од професионалните спортисти. 

Раскажува дека пред пет години случајно почнал да игра видео игри, а потоа и да заработува од нив. 

„Знаев да играм и по осум часа на ден, и тогаш уживав во играта“ - вели хрватскиот тинејџер. 

Потоа решил да го претвори во пари своето знаење, и на почеток добивал колку за џепарлак, а потоа склучил договори и почнал добро да заработува. 

Тој е прв Хрват во Esports и заедно со натпреварувачи од други земји, освоиле две европски првенства. 

Тој само од награди земал над 30.000 долари, а годишно заработува над 100.000 долари. 

Перковиќ вели дека поголем дел од парите ги штеди, а праќа и на родителите за да им помогне. 


Слично

Поврзани вести