Економија, финансии, бизнис

Контакт

Момче направи масакр во кафуле во хрватскиот град Слатина

Момче направи масакр во кафуле во хрватскиот град Слатина

Момче на возраст од 17 години влегло во кафуле во хрватскиот град Слатина со два ножа и почнало да ги боде луѓето.

Инцидентот се случил рано изутрина, а  повредените лица се на возраст меѓу 17 и 28 години. Од нив пет лица имаат полесни повреди, додека едно 17-годишно момче, со потешки повреди, е задржано во Општата болница. 

Напаѓачот по инцидентот побегнал, но полицијата претпладнево го пронајде и го приведе.

Еден од очевидците изјави дека момчињата биле нападнати без никаква причина, но дека напаѓачот и претходно им се заканувал. 

Слично

Поврзани вести