Економија, финансии, бизнис

Контакт

Молотови коктели фрлени врз турскиот конзулат во косовски град

Молотови коктели фрлени врз турскиот конзулат во косовски град

Врз турскиот конзулат во косовскиот град Призрен е извршен напад со молотови коктели, а уапсени се пет лица.

Нема повредени, а нанесена е материјална штета. Напаѓачите бурно го симнале турското знаме од зградата во која се сместени конзулатот заедно со други канцеларии. Знамето било ставено заедно со албанското по повод 28 ноември - Денот на албанското знаме. Нападот беше објавен и на Фејсбук, а таму беше објаснето и зошто е извршен. Тоа е празник на Албанците, а не на Турците, пишува на Фејсбук. 

На петмината приведени им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.

Косовското Министерство за надворешни работи остро го осуди инцидентот. Косовско-турските односи се одлични и нема да ги наруши никаков изолиран вандализам, изјави министерот за надворешни работи, Енвер Хоџај во разговор со турскиот амбасадор.


Слично

Поврзани вести