Молкот започнува вечерва, на Македонија и е потребен претседател!
Од вечерва на полноќ започнува молкот. Првиот круг од претседателските избори е в недела (13 април 2014 година). Четворица кандидати претендираат за претседателската фотеља, Ѓорѓе Иванов, кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Стево Пендаровски, кандидат подржан од СДСМ, Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ и Илијаз Халими, кандидат за претседател на ДПА. По 20 дена кампања зад нас, неколку анкети, од кои онаа на Рејтинг предизвика најголемо внимание во јавноста, сега на потег се граѓаните, во недела од 07 до 19 часот сите се рамноправни, зад параванот каде никој не гледа, самостојно граѓаните на Македонија ќе можат да го дадат својот глас за оној кои изминативе три недели покажа дека има вистински концепт за да се носи со фунцкијата прв човек на државата.
Кој каква кампања водеше
Деновите зад нас поминаа во знакот на претседателската кампања, која во последната недела се измеша со кампањата за предвремените парламентарни избори.
Ѓорѓе Иванов, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, настапуваше тимски (како што е и кампањата) пораката е дека зад него стоел тим, речиси секогаш Иванов беше придружуван од владини претставници, честопати предводени од премиерот Никола Груевси. Впечаток е дека Иванов, како да беше во сенка на Груевски, коментираше домашната експертска јавност.
За разлика од него, кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски претседателската кампања ја водеше самостојно, речиси и да не се сретнаа со лидерот на опозиционата СДСМ, Зоран Заев, освен на централниот митинг на социјалдемократите на плоштадот Пела во Скопје, каде Пендаровски доби овации.
Кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски според многумина е позитивен лик во оваа претседателска трка, неговата смиреност и сигурност во настапите на митинзите беа доволни за политичките аналитичари да му го доделат епитетот позитивно изненадување во кампањата.
Илијаз Халими, кандидатот на ДПА, имаше забележителна кампања, иако скоро и самиот да е сигурен дека е без шанси за некаков позначителен резултат на изборите, сепак бројката на гласови која ќе ја освои по првиот круг претседателски избори би требало да бидат ветар в гради за неговата партија ДПА за парламентарните избори закажани за 27 април 2014 година.
Слично
