Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЛК ВО ЈАВНОСТА: Ќе каже ли некој нешто за случајот со криминалната инвестиција во земјава?

МОЛК ВО ЈАВНОСТА: Ќе каже ли некој нешто за случајот со криминалната инвестиција во земјава?

Повеќе од две недели се молчи за случајот со криминалната инвестиција кој го обелодени Фактор а за кој во интервју за Фактор сведочеше директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. 

Засега само молк од најповиканите . Без информации во јавноста која е компанијата чиј имот е замрзнат.

Муареми во интервјуто за Фактор кажа дека Финансиската полиција наскоро ќе извади на површина случај кој како инвестиција е со поголеми размери и со милионски суми во евра како штета. 

„По завршувањето на истрагата ќе се уверите дека има и такви странски инвестиции кои се дојдени со една намера. Што повеќе да добијат и од државата и од другите фондови и да си отидат од Македонија“, кажа Муареми а повеќе детали читајте подолу:

Се одмотува ли случајот со криминалната инвестиција во земјава?


Читајте го и интервјуто со директорот на Финансиска полиција: 

Муареми сведочи за тешки злоупотреби: Испитуваме милионски криминал поврзан со странска инвестиција во земјава


Слично

Поврзани вести