Mолдавците се заинтересирани за посета на Скопје и Охрид
Mолдавците се заинтересирани за посета на македонскиот главен град и македонскиот бисер Охрид.
Туристи од Молдавија во следните години ќе престојуваат во земјава. интерес има за Скопје и Охрид, а во програмите на молдавските туроператори се планирани и екскурзии за Тетово, Маврово, Струга, Вевчани и Битола, соопштија од Агенцијата за промоција на туризмот. Молдавските тур-оператори најавле дека ќе ја прошират својата програма и наместо како дел од кружна автобуска тура, Скопје и Охрид ќе влезат како независна понуда во нивните каталозите. 16 тур оператори од Молдавија деновиве се запознаат со туристичките потенцијали кои ги нуди земјава и можностите за отпочнување на туристичка размена.
Статистиките податоци изминатиов период покажаа дека најмногу туристи имаме од соседните земјуи, Турција, а се зголемил и бројот на полски гости.
foto Wikipedia
