Економија, финансии, бизнис

Контакт

Молат за Facebook, ама власта не дозволува

Молат за Facebook, ама власта не дозволува
Facebook тврди дека кинеските потрошувачи редовно сакаат пристап до нивните услуги, иако регулаторите велат дека постои мала шанса забраната над социјалната мрежа да биде укината. "Често ме прашуваат кога сум во Кина", тврди потпретседателот на Facebook Воган Смит. "Сите доаѓаат кај мене и велат:" Еј, кога ќе пуштите Facebook во Кина? ". Од 2009 година Facebook е достапен во Кина само преку проксита кои ја заобиколуваат цензурата од страна на владата. Тоа дека сајтот не е достапен во азиската земја, ја ограничува компанијата да нуди маркетинг услуги на извозниците од Кина. Лу Веи, министер на кинеската администрација кои се занимава со прашањата на сајбер-просторот, тврди дека Facebook нема да добие пристап во Кина наскоро. Пред излегувањето на берзата во 2012 година Facebook изјави дека значителни правни и регулаторни компликации го спречуваат влезот на социјалната мрежа во Кина - земјата, која е дом на најголем број интернет корисници во светот. Смит одби да коментира кога Facebook ќе може да влезе во Кина и тврди дека не е запознаен со коментарот на Лу Веи. Кина го контролира интернетот преку блокирање на сајтови кои содржат порнографија, коцкање или одредена содржина, вклучувајќи и критики кон владејачката Комунистичка партија. YouTube, Twitter Други стационирани во САД социјални мрежи, вклучувајќи ги YouTube на Google и Twitter, исто така се блокирани во земјата. Тоа значи дека LinkedIn е најголемата американска социјална мрежа, активна во Кина. LinkedIn поминала низ неколку пречки поврзани со политиката на цензура во земјата, која ги нагласува потешкотиите за водење бизнис во земјата. Забраните им помагаат на локални социјални мрежи како Weibo на Sina, да се развијат, иако се соочуваат со истите ограничувања во однос на содржината. За време на форум во кој учествуваа претходно оваа недела, Лу не го спомена Facebook. Тој посочува дека секоја компанија која сака да оперира во Кина, мора да ги почитува локалните закони, да го почитува националниот суверенитет и да не штети на националните интереси на земјата. Раст во Азија Во мај Смит изјави дека Facebook им помага на кинеските извозници да стигнат до глобалните пазари и тоа им носи брз раст. Азија е огромен пазар, на кој Facebook има потенцијал да се развие, а корисничката база може да се прошири побрзо отколку во САД и Канада. Некои кинески корисници откриваат начини да се заобиколат забраните и да добијат пристап до социјалната мрежа. Азиските корисници се зголемија за 26 проценти до 228 милиони луѓе во јуни во однос на една година претходно. За споредба, во Северна Америка бројот расте за 7 отсто до 152 милиони луѓе, откриваат податоците на компанијата. Facebook веќе најмил имот во центарот на Пекинг, бидејќи се подготвува да отвори своја канцеларија во Кина, тврдат извори запознаени со случајот. Според зборовите им компанијата потпишала тригодишен договор во мај за закуп на простор со површина од над 800 кв.м. Имотот се наоѓа во централната бизнис-област на Пекинг. Минатиот септември главниот оперативен директор на компанијата Шерил Сандберг се сретна со државната агенција одговорна за регулирањето на интернетот во Кина. Таму тој разговарал за клучни прашања за компанијата, вклучувајќи го и тоа колку "важна улога" игра Facebook во помагање на развојот на кинеските компании во странство. К.К.
Слично

Поврзани вести