МОЌНИОТ БЕЗОС: Како изгуби милијарди а уште е на тронот како најбогат човек?
Џеф Безос е милијардерот кој претрпе најголема загуба од дури 3,4 милијарди долари во понеделникот по драматичниот пад на акциите на Волстрит.
За миг ба избришани 2,1 отсто од нето вредноста на заедничкото богатство на 500 најмоќни луѓе на планетата.
И додека пред неколку дена моќниот Безос кој неодамна се раздели од сопругата беше виден како плови на сопствената луксузна јахта вредна над 400 милиони долари, понеделникот му донесе загуба од 3,4 милијарди долари, како последица на падот на акциите .
Сепак тој и понатаму е на тронот , како најбогат човек во светот, со богатство кои изнесува 110 000 милијарди долари.
Овие загуби се голем пресврт за светските супербогаташи, кои до вчера бележеа постојан раст на вредноста на акциите на нивните компании.
Богатството на најмоќните луѓе на планетата се топи во последните недели и други светски меридијани. Па така Хонкогшката богаташка елита ја погодуваат деветнеделни протести кои ги блокираат улиците во финансискиот центар на градот, што врши притисок на растот и ги гризе цените на домашните акции.
