Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЈ ТЕРМИН: Најмногу прегледани пациенти во битолската болница

МОЈ ТЕРМИН: Најмногу прегледани пациенти во битолската болница
Лекарите од ЈЗУ Клиничка болница „Д-Р Трифун Пановски“ – Битола имале полни раце работа и прегледале најмногу пациенти, покажа анализата на податоците од електронскиот систем „Мој термин“. Во текот на јули во битолската болница биле прегледани 19,823 пациенти, ЈЗУ Клиничка болница – Тетово 16,932 пациенти, ЈЗУ Општа Болница – Прилеп 13,579 пациенти, Градска општа болница 8-ми Септември 13,129 пациенти, ЈЗУ Општа Болница – Куманово 11,897 пациенти. Вкупно 29.000 пациенти во Македонија кои имале закажано „Мој термин“ не се појавиле во закажаното време, во текот на месец јули годинава. Надлежните апелираат до граѓаните, доколку не можат да стигнат, да ги откажуваат прегледите. „ На овој начин се наштетува на концептот на функционирање на националниот систем за електронски евиденциии и непотребно се креира нереална листа на чекање, затоа суштински е важно да се почитува времето на другиот, односно пациентот да го почитува времето на докторот и на другите пациенти, но и докторите да го почитуваат времето на пациентите. Доколку не сте во можност да присуствувате на прегледот, Ве замолувам истиот да го откажете.  Уште еднаш потсетуваме дека термините може да ги откажете на телефонскиот број 15 444 или со праќање на порака кон 144 194 со содржина број на упат“, вели проект-менаџер на Националниот систем за закажување прегледи „Мој термин“ Милан Аризанкоски. Тој го нагласи примерот на 74-годишна пациентка од Струмица, која само во јули не дошла на 27 закажани термини за преглед. Во националниот систем за електронски евиденции во здравството „МојТермин“ во рамки на деталните медицински податоци се евидентира и времето на прием на пациентот, односно покрај времето кога е закажан терминот, се следи и времето кога пациентот влегол на преглед, кога започнал прегледот и кога е напишан извештајот од прегледот. Анализите покажале дека пациентите преку „Мој термин“ биле примени 15 минути порано или со просечно задоцнување од 10 мин после закажаниот термин.    
Слично

Поврзани вести