Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЈ ДДВ НЕ ГИ ДАВА САКАНИТЕ ЕФЕКТИ: Петрова ја реши дилемата дали мерката ќе се укинува

МОЈ ДДВ НЕ ГИ ДАВА САКАНИТЕ ЕФЕКТИ: Петрова ја реши дилемата дали мерката ќе се укинува

Државата квартално издвојува околу 14,5 милиони евра за поврат на дел од ДДВ кон граѓаните, а ефектите од мерката во борбата против сивата економија се значително послаби од очекуваното. Ова го истакна директорката на Управата за јавни приходи, Петрова, во интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Според податоците за 2025 година, во просек околу 502.000 граѓани активно користат апликацијата и скенираат фискални сметки. За оваа намена, државата одвојува околу 4 проценти од вкупната годишна наплата на ДДВ, што, како што посочи Петрова, е речиси еднакво на половина од месечниот приход од ДДВ во буџетот.

Мерката „МојДДВ“ беше воведена во 2019 година со цел секој граѓанин да стане „даночен инспектор“ и преку барање фискални сметки да се намали сивата економија. Сепак, според анализите на УЈП, очекуваниот ефект не е постигнат.

„Состојбите на терен и нашите внатрешни податоци јасно укажуваат дека мерката не го дала посакуваниот резултат“, оцени Петрова.

И покрај високата цена и слабите ефекти, таа нагласи дека засега нема одлука за укинување на исплатите, но отвори прашање за оправданоста на трошокот.

„Кога се работи за јавни средства, мора сериозно да се разговара за ефикасноста и ефектите од ваквите мерки“, заклучи директорката на УЈП.


Слично

Поврзани вести