Могила отсечена од светот, без комуникација неколку села
Општина Могила повторно е поплавена на истите места каде што беше пробиена Црна река, кај Лознани, Тројкрсти, Новоселани.
Патот целосно е поплавен а општината и десетина села се отсечени и немаат комуникација.
Стево Пивковски градоначалникот на Могила за Тера вели дека не знае од кои причини тие места не биле санирани.
„Повторно е критично во општина Могила водата се прели на тие критични точки и сега патот е поплавен“ рекол Пивковски .
„ Во еден ден почна некоја санација, почна нешто да се прави таму, наредниот ден беа повлечени машините, јас неколку пати го кажував тоа, но не се направи нешто поконкретно за да се заштитиме. Не требаше нешто многу да се направи, требаше со подигнување на половина метар или едно метро на тие места каде што е прелеано користото на Црна, мислам дека денеска немаше да дојди оваа вода и повторно да не поплави" вели Пивковски.
Според него поплавени се околу 5000 хектари и странува дека ако продолжат врнежите дека ситуациата може да биде покритична отколку претходниот пат.
Слично
