Економија, финансии, бизнис

Контакт

Могерини во петок во Белград

Могерини во петок во Белград

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини утре ќе ја посети Приштина, а во петокот Белград, највено е од Европската комисија.

Могерини во соопштение за медиумите во пресрет на мини турнејата најавила дека со домаќините ќе разговара за примена на досега постигнатите договори во дијалог Белград - Приштина,

- И Србија и Косово после минатогодишните избори се соочуваат со важни предизвици, посебно кога се работи за социјално-политичи реформи и сеопфатна нормализација на односите - порача високата претставничка, која во Приштина ќе има состанок со премиерот и шефот на дипломатијата.

 Могерини најавила дека во Белград ќе се сретне со претседателот Томислав Николиќ, премиерот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, а во текот на посетата ќе одржи говор пред студентите на Универзитетот.
 
Слично

Поврзани вести