Могерини вети поддршка за Македонија во евроинтеграциите
Шефицата на италијанската дипломатија Федерика Могерини, која престојува во посета на Скопје, на сфредба со нејзиниот македонски колега Никола Попоски ја поотврдила поддршката на Италија за евроинтеграцијата на Македонија.
„Италија цврсто верува дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан и Македонија е наш стратешки интерес. Италија е подготвена и го поддржува процесот на реформи кој го спроведува македонската Влада“, рече Могерини.
Таа ја посети Македонија во својство на министер за надворешни работи од земјата-актуелен претседавач со ЕУ. Во однос на спорот околу името, италијанската министерка истакна дека ова прашање е од суштинско значење и таа целосно го поддржува процесот кој се води во рамките на Обединетите нации, но суштинските напори мора да се направат помеѓу Скопје и Атина.
Италијанското претседателство со ЕУ е многу добар сигнал за регионот и докажува дека обединувањето на западен Балкан со ЕУ нема друга алтернатива, смета нејзиниот домаќин Попоски.
Тој вети дека Македонија останува посветена на сите реформи потребни за приближување кон ЕУ.

За време на посетата беше потпишан и билатералниот договор меѓу Република Македонија и Република Италија за социјална сигурност.
Во рамките на посетата на Скопје, Могерини се среќава и со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.
Слично