Могерини вети „награда“ од ЕУ, ако Македонија направи успешни реформи
„Ургентното спроведување на реформи и организирање на успешни избори во април следната година ќе обезбедат награда од ЕУ во однос на евроинтеграцијата“, вети шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини на средбата со министерот за надворешни работи Никола Попоски во Брисел.
„Очите на Брисел се насочени кон спроведување на политички дијалог, реформи и успешно спроведување на изборите во април следната година. Ова се работите од кои ќе зависи оценката на ЕУ и следните чекори за Македонија“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика.
„Нема место за изговори, тука работите се во наши раце“, рече од своја страна Попоски.
Според него, доколку Македонија ги исполни обврските, Брисел нема да има никакво оправдување да не наградат за напорите на земјата.
Тој дополни дека со Могерини се согласиле дека сегашниот статус кво и замрзната ситуација може да доведе само до негативни сценарија.
Според зборовите на Попоски по успешно спроведување на изборите следната пролет, одговорноста оди во рацете на европските партнери на Македонија .
Во однос на мигранската криза, министерот смета дека ниту една од стратегиите на ЕУ не функционира. На денешната средба со Могерини тој побара јасни насоки за мерките преземени од земјите-членки на ЕУ во насока на ослободување на економските емигранти од оние кои имаат право на азил.
Попска истакна дека Македонија прифаќа бегалци од држава-членка на ЕУ и не може да го реши проблемот, ако самата ЕУ нема решение на кризата.
