Економија, финансии, бизнис

Контакт

Могерини: Треба политичка волја за да се реши прашањето за името

Могерини: Треба политичка волја за да се реши прашањето за името
На еден ден пред објавувањето на новиот годишен извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ, идната висока претставничка на Унијата за заедничка безбедносна и надворешна политика Федерика Могерини бара политичка волја за да се реши македонско-грчкиот спор околу името и да продолжи проширувањето на ЕУ. „Во Албанија постојат добри шанси да се тргне со реформите, а Црна Гора е прва на листата во однос на напредокот кон Унијата. Што се однесува до ФИРОМ и прашањето за името, верувам дека треба да се најде политичка волја за негово решавање“, рече Могерини пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (ЕП), каде зборуваше за перспективите за евроинтеграција на регионот. Минатата недела новиот еврокомесар за соседство и пристапни преговори, Јоханес Хан на своето сослушување ЕП порача дека спорот за името ќе биде еден од неговите приоритети за време на мандатот.
Слично

Поврзани вести