Економија, финансии, бизнис

Контакт

Могерини: Силно го осудувам инцидентот на Косово

Могерини: Силно го осудувам инцидентот на Косово

Федерика Могерини, европската претставничка за надворешна политика и безбедност, веднаш по инцидентот во Косово при што беше уапсен со сета сила српскиот политичар Марко Џуриќ, истакна дека силно го осудува немилиот настан.

Таа во текот на вечерта разговарала веднаш со српскиот претседател Александар Вучиќ, а на Твитер профилот порача дека сега е потребен дијалог и смиреност, а дека Марко Џуриќ е слободен и се враќа назад. 

Могерини исто така кажа дека разговарала телефонски и со косовскиот претседател Хашим Тачи и дека ги пренела истите пораки.


Слично

Поврзани вести