Економија, финансии, бизнис

Контакт

Могерини: Подобрување на косовско-српските односи е неопходно

Могерини: Подобрување на косовско-српските односи е неопходно

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини синоќа повика на целосна имплементација на договорите што во Брисел ги постигнаа Белград и Приштина.

Таа нагласи дека тие треба да бидат целосно спроведени за доброто на двете страни.

„Подобрување на косовско-српските односи е неопходно, за двете држави да може да ја продолжат нивната европска перспектива“ - изјави Могерини на средба со косовскиот претседател, Хашим Тачи во Брисел.

Како што пишува  приштинскиот весник „Експрес“, Тачи и Могерини разговарале околу последните случувања во односите ЕУ-Косово и за напредокот постигнат последниот месец.

Тие се согласиле дека е потребно да продолжи имплеметацијата на Спогодбата за стабилизација и асоциација, прв договор постигнат меѓу Косово и ЕУ, и дека  тоа е решавачко затоа што ќе му помогне на Косово да ја подобри социо-економската состојба.

Двајцата го поздравиле продолжувањето на мандатот на ЕУЛЕСК од страна на косовскиот Парламент, а разговарале и околу либерализацијата на визите за граѓаните на Косово, која зависи од исполнувањето на условите што и се поставени на Приштина.

Слично

Поврзани вести