Могерини и Хан бараат поништување на аболицијата
Одлуката на Уставниот суд го отвора патот повторно да се состане Парламентот и да ги откаже изборите на 5 јуни, се вели во заедничката изјава на високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини и на еврокомесарот, Јоханес Хан.
Тие сметаат дека ова е нова можност за земјата да одговори на бројните прашања во срцето на пролонгираната политичка криза.
Според нив, напредокот мора да биде заеднички дефиниран од страна сите политички партии, бидејќи само зрелиот дијалог, отвореноста и посветеноста кон демократските принципи и спроведувањето на потребните реформи ќе ја вратат земјата на евроатланскиот пат.
„Сите партии мора да го почитуваат Договорот од Пржино кој го потшишаа минатата година. Тој и натами е најдобриот начин земјата да се извлече од сегашната криза. Работата за подготовка на крдибилни избори треба да продолжи, исто како и итните реформски приоритети. Партиите треба да ја решат сериозната загриженост за одлуката за помилување на голем број функционери од страна на претседателот Иванов. Помилувањата од 12 април без одлагање треба да се поништат за да се зачува принципот на одговорност и да се спротивстават на сериозната загриженост во врска со неказнивоста и да се избегне селективна правда. Основно демократско начело е дека сите граѓани треба да бидат еднакви пред законот“ - наведуваат Хан и Могерини.
Могерини и Хан потенцираат дека партиите мора да гарантираат целосна поддршка на Специјалното јавно обвинителство и да обезбедат негово непречено функционирање, бидејќи како што велат СЈО и неговата работа се централни точки од Договорот од Пржино.
